
МИТ ИЛИ ВИСТИНА: Дали водата навистина може да ја направи вашата кожа сјајна?
Многу пати сте слушнале дека ако пиете доволно вода, вашата кожа ќе изгледа сјајно. Дали е тоа така?
Хидрацијата има врска со кожата. Нашата кожа сочинува 64 проценти вода. Има многу истражувања за нејзиното значење и нејзиното влијание врз кожата.
Една студија објавена во 2007 година во Journal of Cosmetic Science покажа дека 2,25 литри вода дневно ја менува густината и дебелината на кожата, а друга студија од Мисурискиот универзитет во Колумбија покажа дека 500 милилитри вода, околу 2 чаши доведуваат зголемување на протокот на крв во кожата.
„Од моето искуство, консумирањето на вода навистина има голема разлика кога се работи за изгледот на кожата. Без доволно вода, кожата ќе изгледа потемна, а порите и брчките ќе бидат поизразени“- дерматологот Рејчел Назаријан.

Како водата ја прави нашата кожа поубава?
За кожата да ја задржи потребната количина на колаген потребно е вода. Исто така, кога кожата е еластична, хранлива и хидрирана, има помали шанси за нејзино сушење поради надворешни влијанија, што може да предизвика црвенило и иритација.
Исто така, забележав дека моите пациенти се жалат на зголемување на акните кога нивната кожа е дехидрирана. Знаеме дека малите промени во исхраната може да предизвикаат промени во маслата и себумот што го произведува кожата. Дехидрацијата, исто така, го има истиот ефект. Кога ќе се промени видот на маслото, може да има промени во кожата како црвенило и мозолчиња како резултат на запушените пори, објаснува д-р Назаријан.

Меѓутоа, ако пиете неколку литри вода денес, тоа не значи дека веднаш ќе ја имате совршената кожа.
Ако ја погледнете кожата под микроскоп, ќе видите дека брчките и малите пукнатини на кожата се уште се наоѓаат, но водата може да биде маскирана во моментот. Ако не пиете доволно вода, вашата кожа само ќе изгледа уморна, а штетата ќе биде поочигледна, вели д-р Назаријан.
Затоа нејзината препорака е да пиете помеѓу 8 и 10 големи чаши вода секој ден, но да ги консумирате рамномерно во текот на денот. Повеќе вода од оваа количина организмот ќе ја исфрли преку урината, а кожата нема да го апсорбира она што му е потребно. Секако, хидратирањето на кожата однатре не значи дека не треба да се грижите за тоа однадвор.
Значи, рецептот за убава кожа е: „Пијте доволно вода и потхранувајте ја кожата и однадвор“.

