Овие мали залчиња од тиквичка и морков ќе ве освојат доколку сакате зеленчук. Оброк кој воопшто не е калоричен, а ќе ве најаде и ќе имате чувство на леснотија. Потребни состојки:
2 тиквички
1 морков
200гр. кравјо сирење
1 јајце
околу 100гр. палента (како замена за презла)
сол, црн бибер, сув лук
Тиквичките и морковот изрендете ги и посолете ги. Оставете ги околу 10тина минути да одстојат и потоа исцедете ги од водата. Додајте ги: јајцето, палентата,зачините и изренданото сирење и измешајте се заедно. Направете мали форми по желба и ставете ги на тава обложена со хартија за печење и печете околу 20тина минути на 200 степени.
Кликни за да го оцениш производот!
[Вкупно: 0 Просек 0]

