Табуле е традиционална салата од либанската кујна, а многу често се јаде низ целиот арабски свет. Сепак, сите состојки се типични и за нашето поднебје, па лесно, брзо и ефтино можеме да подготвиме табуле во домашни услови.
Состојки:
• 1 чаша органски булгур
• 1 китка магдонос
• 1 свеж домат
• 1 свежа краставица
• 1 лимон
• 1 млад кромид
• 3 чешниња лук
• босилок
• бибер
• ладно цедено маслиново масло
• сол
Булгурот ставете го во сад и полијте го со една и пол чаша жешка вода. Почекајте да зоврие водата. Доматите и краставицата исечете ги на мали коцкички, а кромитчињата на тркалца. Магдоносот и лукот исто така ситно исечкајте ги.
Сите состојки измешајте ги, а пред да ја послужите салатата, посипете ја со сок од цедениот лимон и ладно цеденото маслиново масло.

За повеќе здрави рецепти може да не заследите на:
Facebook група: Храна и рецепти
Facebook страна: Храна и рецепти
Инстаграм блог: @hranaireceptii

