Да го започнеме викендот со здрава пита со малини.
Во последно време ептен сум љубител на овие здрави ужини, ама овој рецепт мислам дека ептен ќе ви се допадне ?
Потребни состојки:
- ?100гр. овесни снегулки измелани за да добијат брашнена структура
- ?100гр. интегрално брашно
- ?2 јајца
- ?2 лажици мед
- ?1 лажица темен крем
- ?1 пакување ванилен шеќер
- ?1 прашок за пециво
- ?200гр.чоколадни лушпи
- ?200мл. јогурт
- ?50мл.маслиново масло
- ?100гр.замрзнати малини
- ?1 лажица џем од малини
Сувите состојки измешете ги во еден сад.
Јајцата, медот, јогуртот,маслото, кремот и џемот измешете ги заедно за да добиете хомогена смеса. Додајте ги и сувите состојки и на крај додајте ги малините издробени ситно. Ставете ја смесата на хартија за печење и печете околу половина час на 180 степен

За повеќе здрави рецепти може да не заследите на:
Facebook група: Храна и рецепти
Facebook страна: Храна и рецепти
Инстаграм блог: @hranaireceptii
Кликни за да го оцениш производот!
[Вкупно: 0 Просек 0]

