Протеинска пица наполитана
Состојки:
- полуготова протеинска смеса за пица
- доматен сос
- кашкавал
- рукола
- печурки
- лук
Ова е малку поинаков начин за подготовка на пица и може да се купи од PRO FIT, која што има 18гр протеин. Две кесички од полуготовото тесто се става во 70мл вода и се меша неколку минути. Се прави смеса, но малку потечна(не е како стандардно тесто). Потоа се става во плех обложен со хартија за печење(јас ја користам од Timas DOOEL, замастен со маслиново или кокосово масло за да не се залепи. Се пече 3-4 минути. Во меѓувреме се става една кесичка доматен сос во 30мл вода и се прави доматниот сос, а кашкавалот се ренда и зеленчукот и печурките ситно се сецка. Се редат на малку испеченото тесто и се става во рерна на 205° 10 минути, а може и помалку. Мене овој пат поголема ми испадна пицата, но формата и големината е по ваша желба. Оваа пица не е како класичнита, но вреди да ја пробате.

За повеќе здрави рецепти може да не заследите на:
Facebook група: Храна и рецепти
Facebook страна: Храна и рецепти
Инстаграм блог: @hranaireceptii

